Програма: Работа за лица со европски пасош на подолг период

Најголем број на позиции се во областа на системската гастрономија како што се светски познатите брендови McDonalds, Burger King и KFC. Исто така имаме позиции за доставувачи на пакети со Б категорија за транспортни фирми за Амазон, ДПД,ДХЛ, Хермес. Освен тоа ,имаме соработка со старечки домови низ цела Германија, како и со фирми кои поставуваат соларни панели.

Сите договори се потпишуваат на минимални 160 часа месечно-односно на цело раб.време.

Договорите се склучуваат на 6 месеци, 1 година или 2 години, секако со можност за продолжување.

Услови за пријавување:

– ЕУ пасош со доволна важност

*нема услов за познавање на странски јазик

*нема услов за раб.искуство или образование

Напомена

На секој работник во Германија му се одбива здраствено и пензиско осигурување, како и данок на доход, во зависност од даночната класа.

Почетно сместување со пријава на адреса е обезбедено за сите позиции.

Чекори за успешна апликација

  • Закажете термин за Разговор во нашите канцеларии Скопје или Штип за да ги договориме деталите за раб.позиција

  • Ви одредуваме раб.позиција и сместување, и договараме датум за поаѓање.

  • Имате постојан контакт и поддршка од нас за да ги завршите правилно сите обврски на вашиот старт во Германија.