Драги наши апликанти,
️ За прв пат Германија воведува Закон со кој се регулира сезонската работа во Германија.
До овој момент Германија имаше програма само за сезонска работа за студенти. Со оваа нова програма, сезонски ќе може да работат сите граѓани на нашата држава.
Интересно е што за програмата нема да има старосна граница. Времето на ангажманот е 3 до 8 месеци. За програмата е потребна виза. Низ целата постапка ве водиме ние.
Постапката не е едноставна, но ние сме овде со нашето 10 годишно искуство да одговориме на новите предизвици и да започнеме веднаш со реализација на оваа програма.
Апликациите и рани пријави започнуваат веднаш. Имајте во предвид дека сезонските работи се најчесто во област гастрономија.
АПЛИКАЦИЈА ЗА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА (и за лица кои не се студенти)