ЗА ЕВИВА

„ЕВИВА” како бренд се состои од:

„ЕВИВА КАДРОВСКИ УСЛУГИ” – агенција за посредување при вработување во земјата и странство со наплата, лиценца издадена од Министерство за труд и социјална политика -број 08-1832/2

Јазичен центар „ЕВИВА” –специјализиран центар за

  • учење на германски и англиски јазик

  • судски преводи од германски на македонски јазик и обратно

Ви стоиме на располагање за се што ви е потребно поврзано со нашата најголема љубов, пасија и мотивација – Германскиот јазик и Германија.

Нашиот тим се состои од администратори, германисти, професори и регрутери за вработување – лица кои и самите учествувале во работни, студентски прогами во Германија, кои дипломирале или магистрирале на отсек Германски јазик и книжевност, лица кои имаат посетувано многубројни доквалификации на курсеви и саеми во Германија, и општо во Европа. Млади лица, кои имаат големо искуство, работат за да ви овозможат работа и подобра иднина и се спремни да ве поддржат во се, без разлика дали тоа е во изучување на јазик или во текот на апликација за работа во Германија.

ИСКУСТВО

Над 3000 задоволни клиенти/апликанти
Над 50 големи фирми/партнери - работодавачи (од Германија)
Над 2200 задоволни ученици/курсисти
Над 1300 судски преводи

ЗБОР ОД СОПСТВЕНИКОТ

“Евива кадровски услуги”и “Евива-Германски јазичен центар” настанаа кога моето искуство во врска со студентските пракси и работни програми, курсеви, обуки и семинари на универзитети во Германија решив да ги претворам во бизнис приказна и мое секојдневие. Со програмите за работна виза работам уште од првиот момент на воведување на законот за визи – од 01.01.2016 година, а со програмите за студенти уште од 2015 година. Со нашето искуство, јас и мојот тим сме спремни да одговориме на сите предизвици, проблеми и барања на нашите клиенти. За сите наши клиенти сме достапни 24/7, особено во првите најбитни моменти кога нашите клиенти пристигнуваат во Германија, каде се трудиме да помогнеме со целото наше искуство и знаење.

Бисера Ушинова

Дипломиран германист/ Судски преведувач и толкувач за германски јазик / Основач / Студент на магистерски студии за германски јазик и книжевност
0
Агенти
0
Задоволни клиенти
0
Успешни случаи

ЗОШТО ДА НИ ЈА ДАДЕТЕ ДОВЕРБАТА?

Долгогодишно искуство

Професионалци во својата област

Брзи и ефективни решенија

Целосна и фер поддршка при апликација и престој во Германија