Имате слободни работни места?

Евива Кадровски Услуги Ви ги обезбедува вистинските луѓе од Македонија за работа во вашите компании (претежно работиме со работодаватели од Германија).

 

Нашите апликанти се одговорни, совесни и фокусирани да си ја вршат својата работа и да си овозможат подобри услови за живот.

Со секој апликант правиме интервју, професионално ја испитуваме компетенцијата за извршувањето на работни задачи и го проверуваме нивото на познавање од германски јазик. Ви ги обезбедуваме профилите за работа, кои ги исполнуваат вашите критериуми и ве заштедуваме од мачниот процес на пребарување и селекција. Притоа ви даваме точни и прецизни информации за постапката и условите при вработување на лица од Македонија.