ОНЛАЈН ЧАСОВИ ЗА

-ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

-АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Јазичен центар ЕВИВА веќе три години одржува ОНЛАЈН настава и на тој начин ги поставува темелите на модерна онлајн настава во Македонија.

Часовите се директно професор – ученик, односно исто како час во училница- само од удобноста на вашиот дом. Наставата може да се одржува во група или како индивидуални часови. Термините се по договор со одговорниот професор.

 

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како се одржуваат онлајн часови?

Часовите најчесто се одржуват на онлајн програма Zoom при што имате директен контакт со професорот, а книгите ги добивате во онлајн верзија.
По потреба се користи Messenger, Viber, Skype- односно секоја програма или апликација што на слушателот му е најлесна за употреба.

Дали може да се пријават ученици кои не се во Македонија?

Да, всушност онлајн учењето е осмислено и креирано за потребите на нашите македонци кои живеат во странство.
Моментално на нашите курсеви имаме ученици, кои се наоѓаат во Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Малта.

Дали на онлајн часови може да се пријават ученици од Македонија?
Да, на наша голема радост, имаме и ученици од др.градови на Македонија.

Моменталната ситуација во нашата држава не дозволува одржување на часови во училница, но тоа не треба да ве спречи во учењето на странски јазици и исполнување на Вашите цели.

Што е потребно за да може да ги следиме часовите?

Потребен ви е само уред- компјутер, таблет или пак мобилен телефон.

Сите материјали и книги ги добивате во онлајн верзија. 

За се ќе ви помогне одговорниот професор.

Работам во смени, не можам секогаш да ги следам часовите во група. Дали има можност за индивидуални часови?

Да, токму за Вас ги осмисливме и нудиме индивидуални часови. Професорите се трудат да бидат флексибилни за одредување на термини и да Ви излезат во пресрет според Вашите работни обврски.

Како се врши уплата?

Уплатата се врши на мак.сметка од  училиштето.

Доколку не сте во Македонија, може некој друг да Ви уплати од Македонија.

Ако немате таква опција, контактирајте не и ќе се договориме како да се направи уплата.

Како да се пријавиме?

За пријавување и за сите Ваши прашања Ве очекуваме на
:

00389 78 411 639 (Viber/WhatsApp)
Е-Маил: 

eviva-service@outlook.com

Евива,
Центар за странски јазици, судски преводи и онлајн учење

„Голема благодарност до јазичниот центар Евива што ми овозможи ONLINE изучување на германскиот јазик(индивидуален час) и што се секогаш тука за мене.

ONLINE курсот ми е од голема помош да учам и да постигнам сите обврски да ги завршам истовремено.

Часовите ги договарам со професорката по желба и време и сум многу задоволна”

С.Спироска

„Живеам веќе долго време во Германија и скоро 1 година учам германски јазик преку ONLINE часовите кои ги овозможува училиштето Евива. Го изучувам јазикот во поединечна настава и термините се по договор со професорката, што сметам дека е одличен услов кој секому му оди во прилог токму поради работата во смени и секојдневните обврски. Благодарение на квалитетната онлине настава, професиналноста и соработката со професорката за брзо време стекнав големо јазично знаење. 

Забележувајќи го својот напредок на јазичен, а со тоа и на работен план, се чувствувам мотивиран и со поголема самодоверба за да продолжам кон своите цели во оваа држава. Изучување на јазикот во ова училиште досега ми претставува огромно задоволство и планирам во иднина да продолжам со тоа.”

Д.Ајтовски

„Живеам во Берлин,Германија и веќе три години го изучувам германскиот јазик со ONLINE настава во училиштето Евива.

Бидејќи работам во смени, термините ги договараме со мојата професорка по желба. Токму затоа сметам дека ONLINE курсот е од голема помош. 

Во меѓувреме се здобив со сретификат Б1 на Инстититот TELC во Леипциг Германија, а сега се подготвувам за полагање на испит за Б2 ниво.

Особено голема благодарност и до агенцијата Евива Кадровски Услуги, која ми ја овозможи приликата да работам и живеам таму каде што сакам.”

Д.Трајков

„Јас сум од Делчево, но сум средношколец кој учи во Штип.

Сакам да го подобрам моето знаење на англиски јазик и затоа започнав со курсот во Јазичен центар Евива. 

Голема благодарност до нашата професорка, која целосно се посветува на нас и благодарение на неа термините за часовите можеме да ги одредуваме самите ние. 

Да се биде член од ЕВИВА е големо задоволство. 

Online часовите се многу практични. Притоа имам доволно време, во кое можам да се посветам на моите обврски и да не пропуштам дел од наставата.”

Л.Стојановска

„Веќе една година посетуваме онлајн настава во училиштео Евива и сме презадоволни од професионалниот тим кој е прилагодлив на нашето раб.време. Многу сме задоволни од нашиот професор и моментално сме во подготовка за полагање на Б1 ниво германски јазик на Институт во Германија. Сметаме дека онлајн часовите се од големо значење за секој што нема доволно слободно време или пак нема можност за посета на јазично училиште во Германија.

Исто така сме премногу задоволни од агенцијата Евива, за помошта и ангажирањето околу промената на виза од една покраина Brandenburg, во друга Baden Würtemberg. Успеавме во тоа и сега сме таму каде што сакаме да бидеме.”

А. и Н. Јанушеви

„Веќе долго време ги посетувам онлајн курсевите по германски јазик на јазичниот центар Евива. Можам да кажам дека сум презадоволна од предавањата. 

За терминот се договараме со професорката и секоја тема ја реализираме на соодветен начин.“

А.Бошковска

„Задоволство ми е што соработувам со Евива, како јазичен центар и агенција. Живеам и работам во Германија, за што и благодарам на агенцијата, а веќе неколку месеци го изучувам интензивно германскиот јазик во ова училиште, преку онлајн настава. Ваквата настава посебно ми олеснува во учењето, овозможува да учам од дома и во термини кои ми одговараат и кои ги договараме со професорката. 

Особено е важна квалитетната настава – професионалност и посветеност, кои со сигурност ги нуди училиштето Евива! Навистина сум задоволна и голема благодарност до професорката, како и до агенцијата за безрезервната соработка и поддршка! ”

О. Кошевиќ

„Голема благодарност до јазичниот центар Евива кој ми овозможи ONLINE настава по германски јазик. 

Веќе неколку месеци посетувам ONLINE настава и ми е од голема помош за да научам германски јазик. 

Курсот по германски јазик го изучувам за да постигнам нешто повеќе, за да работам и живеам каде што сакам. Тимот од  јазичен центар Евива е прекрасен, исто како и професорката и заеднички овозможуваат секој кандидат да се здобие со многу нови знаења. Часовите ги договарам со професорката по желба и време и сум многу задоволна.”

К.Стојанова

„Мојата настава по Германски јазик се одвива во група. 

Задоволна сум со наставата, како и од професорката,која максимално се труди околу наставата. 

Часовите ги договараме во согласност со нашите можности.”

М.Арсова